Macedonian Albanian Bulgarian Chinese (Simplified) Croatian English French German Greek Italian Russian Serbian Spanish
Банер

Публикации

Банер
НСЖМ - СОЖМ на социјалните мрежи
Банер

Скопје - Прогноза

Cloudy Partly Cloudy Sunny Mostly Sunny
-2°C 1°C 1°C -1°C
Саб Нед Пон Вто

СОЖМ со нов проект „Економско јакнење на жените од руралните средини“

 

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) работи на проектот „Економско јакнење на жените од руралните средини“. Националниот совет за родова рамноправност проектот го спроведува во три општини - Илинден, Сопиште и Сарај.

Активностите на проектот се состојат од едукативни работилници кои ги спроведуваат експерти од Фондацијата за претприемништво (YES), со цел подобрување на квалитетот и стандардот на живеење на граѓаните, а особено јакнење на капацитетите на жените за нивно економско јакнење и осамостојување и развој на сопствен бизнис.

Реализацијата на активностите е со финансиска поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, а со поддршка на градоначалниците на посочените општини.

Фотографии од одржаната работилница со жените од Општина Сарај можете да погледнете овде.

 

 

НСРР СОЖМ член на Иницијативниот одбор за Женскиот суд на Поранешна Југославија

 

Неодамна НСРР СОЖМ стана член на Иницијативниот одбор за Женскиот суд на Поранешна Југославија. Во составот на Иницијативниот одбор се вбројуваат: „Жене женама“ (Сарајево, Босна и Херцеговина), „Центар за женско и мировно образовање Анима“ од Котор (Црна Гора), „Центар за женске студије“ и „Центар за жене жртве рата“ од Загреб (Хрватска), „Женска мрежа“ од Косово, „Женске студије“ и „Жене у црном“ од Белград, кои заеднички покренаа иницијатива за организирање на Женскиот суд на просторот на Поранешна Југославија. „Жене у црном“ се   носители на програмските активности за организирање на Женскиот Суд, како и за договарање и координирање на сите активности со организациите кои го чинат Иницијативниот одбор.

На 15 и 16 ноември, НСРР СОЖМ, како нов член на иницијативниот одбор на Женскиот суд, беше домаќин и организатор на семинарот „Женски суд-феминистички пристап кон правдата“, кој се одржа на Велешко езеро,во Хотел Романтик во Велес.

 

 

СОЖМ спроведува активности во рамките на проектот „Организирање и спроведување на обуки за протоколните упатни механизми за секторите здравство, полиција, образование, социјална заштита и невладин сектор во доменот семејно насилство“

 

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Канцеларија Скопје и Министерството за труд и социјална политика, а во рамки на заедничката програма за справување со семејно насилство на Организацијата на обединети нации, во мементов спроведува активности во рамките на проектната активност „Организирање и спроведување на обуки за протоколните упатни механизми за секторите здравство, полиција, образование, социјална заштита и невладин сектор во доменот семејно насилство“. Во рамките на проектот предвидено е да се одржат дводневни обуки за примена на Заедничкиот протокол за постапување во случај на семејно насилство во општините: Кавадарци, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Штип, Охрид и Скопје. Обуките се наменети за претставниците на следните институции: Министерство за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и граѓанските организации. Инаку, Заедничкиот протокол е одобрен од страна на владата во рамките на заедничката програма на Обединетите нации за „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“, финансирана од Владата на Кралството Холандија и Фондот на Обединети нации за елиминации на насилаството врз жените.

Крајната цел на обуките е координирано делување на релевантните институции кон случаите на семејно насилство и поуспешна превенција и заштита на жртвите на семејно насилство.

 

 

Фреја форум

На 12 ноември 2010 (петок) во 18 часот, во клубот на пратеници, градоначалникот на општина Центар г-дин Владимир Тодоровиќ, г-дин Јенс Орбак – генерален секретар на меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска и г-ѓа Савка Тодоровска - претседателка на НСРР, одржaа прес конференција на која е промовирана и презентирана програмата на Фреја Форумот 2010.

Оваа година домаќин на IV-тиот Фреја Форум беше Република Македонија односно Националниот Совет за Родова рамноправност и се одржа од 12-14 Ноември 2010 год. во Скопје во хотел Континентал. Темата на Форумот беше: Демократија, Еднакви можности и предизвиците на мобилноста за намалување на сиромаштијата. На истиот учествуваа 200 претставнички/ци од 12 држави од Европа и земјите од Западен Балкан.

Фреја Форумот придонесува кон воспоставување и одржување на платформа за соработка помеѓу граѓанскиот, бизнис секторот и владините институции преку размена на искуства од регионот и ЕУ.


 
Банер
Last month January 2012 Next month
M T W T F S S
week 52 1
week 1 2 3 4 5 6 7 8
week 2 9 10 11 12 13 14 15
week 3 16 17 18 19 20 21 22
week 4 23 24 25 26 27 28 29
week 5 30 31

Општини

Банер

WAVE Network

Банер