English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Иницијален состанок во Софија

На 20 и 21 октомври 2015, во Софија, Бугарија, претставнички на Националниот совет за родова рамноправност присуствуваа на иницијалниот состанок за проектот „Европско партнерство за активности кои вклучуваат луѓе кои се во ризик од маргинализација“.

Проектот ќе се имплементира од октомври 2015 до септември 2017, а во проектот се вклучени невладини организации од Полска, Словачка, Бугарија, Австрија и Македонија. Проектот е финансиран од Програмата Еразмус плус на Европската унија.

 

Студиско патување во Загреб, Република Хрватска

Во рамки на проектот „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција”, од 5 до 7 октомври 2015 год., Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со Центар за жени жртви на војната „Роса“ од Загреб, организираше студиско патување во Загреб за седумчлена група од претставнички на институции кои работат на полето на родово базираното насилство, и тоа: од Министерство за надворешни работи - Евгенија Илиева, од Министерство за правда - Тања Кикерекова, од Министерство за труд и социјална политика (сектор за еднакви можности) - Даниела Хаџи-Димитрова Јованова, заменичката на Народниот правобранител Васка Бајрамова-Мустафа, директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје - Биљана Јарчевска, Савка Тодоровска од НСРР (национална СОС мобилна линија) и координаторката од НСРР за Македонија Светлана Јанева.

Повеќе...

 

НСРР членка на Меѓународна женска мировна група

Националниот совет за родова рамноправност стана членка организација на Меѓународната женска мировна група од Јужна Кореја. 

НСРР активно работи на меѓународно ниво остварувајќи соработка со бројни организации, мрежи и групи од целиот свет.

Со заедничко делување се бориме за подобра позиција на жените во општеството.

 

Состанок на Европска мрежа на жени против насилство

Наташа Димитровска од Националниот совет за родова рамноправност присуствуваше на состанокот на организациите - членки на мрежата Жени против насилство кој се одржа од 10-11 јуни 2015 г. во Виена, Австрија.

На состанокот се дискутираше за моменталната состојба во однос на насилството врз жените во европските држави, работата на организациите членки на мрежата, понатамошните активности на мрежата и начините на делување на мрежата и организациите за подобрување на состојбите.

 

Генерално собрание на Меѓународен совет на жени

Претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, од 30.05 - 05.06.2015 присуствуваше на Генералното собрание на Меѓународниот совет на жени во Измир, Турција.

На состанокот се дискутираше за моменталната работа на Меѓународниот совет на жени, ситуациите и проблемите во земјите - членки на Меѓународниот совет на жени, идните активности на членките и Меѓународниот совет и понатамошните насоки.

Генерално собрание се одржува два пати годишно, а следното ќе биде во Луксембург.

Повеќе фотографии на следниот линк.

 

Донатори








Членка на: