FREJA ФорумНационалниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ и оваа година е една од партнер организациите кои го организираат и учествуваат на Freja Форумот 2009 кој се одржа од 13 до 15 ноември во Белград. На Freja Форумот учествуваа членки на Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, нивни соработници, претставници од бизнис секторот, заедницата на единиците на локалната самоуправа и Општина Центар како и еминентни личности од земјите од регионот и ЕУ. Freja форумот оваа година е посветен на демократија, еднакви можности и квалитет на живот. Целта е да се соберат на едно место претставници од земјите од Западен Балкан и членки на ЕУ кој ќе водат дијалог што ја зајакнува демократијата, и ќе го подобри квалитетот на животот во Европа и на Балканот. Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ и Општина Центар оваа (2010) година ќе бидат домаќини на Freja Форумот во Скопје. Новогодишна трпеза и делење на новогодишни подароци
На 29 Декември 2009 година (вторник) во 12:30 часот претставнички од НСЖМ-СОЖМ заедно со своите членки, сопственичката на модното студио Елена Лука и естрадната ѕвезда Есма Реџепова го посетија домот 11 Октомври и ја споделија радоста заедно со децата .
|