English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Учество на конференција

Претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, со свое излагање учествуваше на националната конференција по повод 20 години од донесувањето на Пекингшката декларација и Платформа за акција „Јакнење на жените - јакнење на човештвото, претставете си!“ во организација на UN Women и Министерството за труд и социјална политика. Конференцијата се одржа на 06.03.2015 година.

Савка Тодоровска, како една од неколкуте активистки од Македонија која учествуваше на Пекингшката конференција во 1985 година даде свој осврт кон тогашната состојба, искуството од учеството на конференцијата и сегашните состојби во поглед на правата на жените.

 

Нова година 2015 со децата од Домот „11 Октомври“

Како и секоја година, активистките на НСРР - СОЖМ ја прославија Новата година со децата од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Децата добија подароци од Елена Лука, Матица Ексклузив и Горска, а настанот го поддржаа и организацијата Новинари за човекови права и учениците од гимназијата Алгоритам.

Повеќе фотографии од настанот може да најдете тука.

 

Конференција на WAVE

16тата конференција на мрежата Жени против насилство Европа се одржа во Виена од 17. до 19. ноември.

За време на конференцијата исто така беше прославена и 20-годишнината од постоењето на мрежата.

Националниот совет за родова рамноправност како фокална точка на мрежата за Македонија зеде активно учество на конференцијата. Претставничката на НСРР, Наташа Димитровска, ја модерираше работилницата за „Одбрана на правата на жените - против насилството врз жените во периоди на политичка и економска криза, десничарски националистички движења и вооружени конфликти“.

Конференцијата изобилуваше со многубројни настани, огромен број учесници, значајни говорнички и говорници и беше одлична можност за споделување мислења, искуства, вмрежување и соработка.

Повеќе за WAVE и конференцијата може да најдете на www.wave-network.org

 

Фреја Форум 2014

Осмиот по ред Фреја Форум годинава се одржа од 7. до 9. ноември во Подгорица, Црна Гора. На семинарите и работилниците организирани во текот на два дена се разговараше за еднакви можности, демократија и новите предизвици на регионалниот развој.

Претставничката на Националниот совет за родова рамноправност, Наташа Димитровска, беше говорничка на семинарот за жените во парламентите и новите предизвици во политичкото учество на жените.

На овогодинешниот Фреја Форум учествуваа претставници од сите земји од Балканот и беа споделени многу искуства и знаења за многу различни теми.

Повеќе за Фреја Форумот може да најдете на www.frejaforum.com

 

Регионална работилница „Подобрување на заштитата на жртвите и гонењето на сторителите на родово базирано насилство и домашно насилство“

На 30.09. и 01.10.2014, во Тцц Гранд Плаза во Скопје, се одржа регионална работилница на тема „Подобрување на заштитата на жртвите и гонењето на сторителите на родово базирано насилство и домашно насилство“ организирана од UN Women и UNDP во соработка со Националниот совет за родова рамноправност.

Работилницата овозможи претставување на различните напори што се преземаат во земјите од Југоисточна Европа да ги идентификува најдобрите национални одговори кон подобрување на заштитата на жртвите на родово базирано насилство и домашно насилство и гонење на прекршителите во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа. Исто така, овозможи дискусија за предизвиците и следните чекори по ратификацијата на Конвенцијата.

Регионалната работилница имаше за цел да ги сплоти напорите на Агенциите на ОН во земјата и граѓанскиот сектор во обезбедување на поддршка и застапување за подобрување на националниот одговор за елиминирање на насилството врз жените и домашното насилство.

Работилницата е поддршка за напорите на НСРР и партнерските организации во застапувањето за ратификација на Конвенцијата, во рамки на проектот „Заеднички напори – Кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство”.

Фотографии од настанот може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: