English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Предавање за домашно насилство во соработка со Унија на жени Кавадарци

На 11.09.2014 во просториите на Општина Кавадарци се одржа предавање на тема „Домашно насилство“.

Предавањето беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - Кавадарци.

Претставничката на НСРР, Наташа Димитровска, говореше за проблемот на домашно насилство, причините и последиците за тој проблем, а на тема спречување на домашното насилство беше претставен проектот „Со заеднички напори - кон новите европски стандарди за заштита на жените од родово базирано насилство“ и кампањата ПОТПИШУВАМ.

Фотографии од настанот овде.

 

Истанбулската конвенција стапи на сила - Соопштение за јавност

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, попозната како Истанбулска конвенција, на 1. август годинава стапи на сила. За организациите кои работат на полето на женските права и заштитата на жените од родово базирано насилство овој настан е особено големо постигнување во историјата на женското движење.

Истанбулската конвенција е првиот сеопфатен инструмент на европско ниво кој се однесува на насилството врз жените. Конвенцијата е ратификувана во 14 земји, а 25 ја имаат потпишано. Македонија ја потпиша Конвенцијата на 08.07.2011, но сè уште ја нема ратификувано.

Соопштението за јавноста кое НСРР го подготви и испрати до медиумите може да го погледнете на следниот линк.

 

Дружење со децата од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“

Активистките од Националниот совет за родова рамноправност, по повод крајот на учебната година, ги поведоа матурантите и полуматурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Лешок на еднодневна дружба. 

Настанот беше поддржан од Комерцијална банка АД Скопје и е дел од традиционалната соработка меѓу НСРР и Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Превозот го обезбеди Капитал банка АД Скопје. 

Повеќе фотографии може да погледнете овде

 

Ден на мајка 2014

На 18.05.2014 Националниот совет за родова рамноправност, како и секоја година, го прослави меѓународниот Ден на мајката.

Прославата се одржа во Капитол во населбата Аеродром. Беа доделени награди на најдобрите литературни и ликовни творби на децата од градинките и основните училишта кои учествуваа на конкурсот распишан од НСРР на тема „Најдобрата мајка“. Наградите ги обезбедија АД Култура, Алкалоид и ONE.

Генерална поддршка на настанот обезбеди Комерцијална банка АД Скопје.

Фотографии од настанот може да погледнете овде.

 

Велигденски хепенинг 2014

Националниот совет за родова рамноправност традиционално, веќе 23 години, го одбележува верскиот празник Велигден со пригодна велигденска трпеза. Производите кои ги подготвуваат жените - членки на НСРР (СОЖМ) се изложуваат пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и се продаваат за собраните средства да се искористат во хуманитарни цели.

Оваа година собраните средства ќе бидат искористени за матурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.

 

Донатори








Членка на: