English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Дружење со децата од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“

Активистките од Националниот совет за родова рамноправност, по повод крајот на учебната година, ги поведоа матурантите и полуматурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Лешок на еднодневна дружба. 

Настанот беше поддржан од Комерцијална банка АД Скопје и е дел од традиционалната соработка меѓу НСРР и Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

Превозот го обезбеди Капитал банка АД Скопје. 

Повеќе фотографии може да погледнете овде

 

Ден на мајка 2014

На 18.05.2014 Националниот совет за родова рамноправност, како и секоја година, го прослави меѓународниот Ден на мајката.

Прославата се одржа во Капитол во населбата Аеродром. Беа доделени награди на најдобрите литературни и ликовни творби на децата од градинките и основните училишта кои учествуваа на конкурсот распишан од НСРР на тема „Најдобрата мајка“. Наградите ги обезбедија АД Култура, Алкалоид и ONE.

Генерална поддршка на настанот обезбеди Комерцијална банка АД Скопје.

Фотографии од настанот може да погледнете овде.

 

Велигденски хепенинг 2014

Националниот совет за родова рамноправност традиционално, веќе 23 години, го одбележува верскиот празник Велигден со пригодна велигденска трпеза. Производите кои ги подготвуваат жените - членки на НСРР (СОЖМ) се изложуваат пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и се продаваат за собраните средства да се искористат во хуманитарни цели.

Оваа година собраните средства ќе бидат искористени за матурантите од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.

 

Обуки за зајакнување на жените од политичките партии

Националниот совет за родова рамноправност во рамки на Програмата за политичко зајакнување на жените во март 2014 реализира 7 обуки во 7 рурални општини во РМ со жени од политичките партии кои се центарски и десно ориентирани.

Цели на обуките се: зголемување на застапеноста на жените во политичките партии, како и на повисоки позиции во политичките партии, зголемување на учеството на жените во процесите на донесување на одлуки, вклучување на приоритетите, потребите и интересите на жените во програмите и политиките на политичките партии и вклучување на родовата перспектива во програмите и политиките на политичката партија.

Настаните се поддржани од Фондацијата Конрад Аденауер, канцеларијата во Скопје.

Фотографии може да погледнете овде.

 

Средба со министерот за економија Сарачини

На 8. март, по повод Денот на жената, НСРР оствари средба со министерот за економија на Република Македонија, г-динот Ваљон Сарачини.

На средбата се разговараше за досегашната поддршка на жените-претприемачи што ја дава Министерството за економија, а беа претставени и активностите на НСРР во контекст на Програмата за економско зајакнување на женитe, чија стратешка цел е подобрување на социо – економската положба на жените.

Меѓу целите се вбројуваат намалување на невработеноста и сиромаштијата кај жените и девојките, зајакнување на личните капацитети на жените и девојките за конкурентен настап на пазарот на трудот и поттикнување на женското претприемништво.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете овде.

Медиумска покриеност: Актуелно24, Сител, Лидер, Канал5

 

Донатори








Членка на: