Состанок во рамки на проектНа 12.11.2015 (четврток) во Скопје, во просториите нa ГЕМ клубот, се одржа заеднички состанок на тема: "Развојна стратегија, план и јакнење на соработката меѓу граѓанските организации и институциите кои се одговорни за родово базираното насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција во Македонија“. На состанокот се презентираа позитивните искуства и пракси од Република Хрватска и ЕУ, како и искуствата од студиското патување во Загреб, каде беа посетени институции кои работат со родово базирано насилство. На состанокот се презентираше и Прирачник за работа со жени жртви на родово базирано насилство. Состанокот придонесе кон зголемување на видливоста на проблемот со родово базираното насилство врз жените и приоритетите на Хрватската развојна соработка, кое меѓу другото е насочен кон јакнење на положбата на жените. Овој состанок е спроведен во склоп на проектот “Јакнење на улогата на жената во областа на спречување на родово базирано насилство, дискриминација и пост- конфликтна демократска транзиција”. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска од програмата за развој и соработка. Конференција „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство"На 11.11.2015, во ЕУ Инфо центар во Скопје, се одржа регионална конференција на тема „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство – моментални состојби и добри пракси“. Свои обраќања на конференцијата имаа Савка Тодоровска, Претседателка на НСРР-СОЖМ, Мауро Ди Вероли, претставник на ЕУ Делегацијата во Р. Македонија, Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и претставник на УНДП за Република Македонија, Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ во Р. Македонија, по што следеа три сесии, со последователни дискусии и заклучоци. Повеќе фотографии на следниот линк. Иницијален состанок во СофијаНа 20 и 21 октомври 2015, во Софија, Бугарија, претставнички на Националниот совет за родова рамноправност присуствуваа на иницијалниот состанок за проектот „Европско партнерство за активности кои вклучуваат луѓе кои се во ризик од маргинализација“. Проектот ќе се имплементира од октомври 2015 до септември 2017, а во проектот се вклучени невладини организации од Полска, Словачка, Бугарија, Австрија и Македонија. Проектот е финансиран од Програмата Еразмус плус на Европската унија. Студиско патување во Загреб, Република Хрватска
НСРР членка на Меѓународна женска мировна групаНационалниот совет за родова рамноправност стана членка организација на Меѓународната женска мировна група од Јужна Кореја. НСРР активно работи на меѓународно ниво остварувајќи соработка со бројни организации, мрежи и групи од целиот свет. Со заедничко делување се бориме за подобра позиција на жените во општеството. |