English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Конференција во Брисел за одржливост на регионални партнерства

На 26 и 27 јануари 2016 година, во Брисел, во организација на регионалната канцеларија на ТАКСО се одржа конференција на која се дискутираше за одржливоста на регионалните мрежи на граѓанските организации кои спроведуваат проекти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) специфично Инструментот за граѓанско општество (ЦСФ) и Договорот за рамковни партнерства (FPA – Framework Partnership Agreement).

Националниот совет за родова рамноправност е дел од проектот „Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“ кој го спроведува Автономниот женски центар од Белград, Србија.

Претставничка на НСРР на конференцијата беше Наташа Димитровска.

 

Една милијарда се крева против насилство врз жените

Во организација на Националниот совет за родова рамноправност, а со поддршка од UNDP, UN Women и UNFPA, на 14.02.2016 во паркот Жена во Скопје се одбележа меѓународниот настан - дел од глобалното движење V-Day – Една милијарда се крева против насилство врз жените.

Насилството врз жените е глобална епидемија со една од три жени доживувајќи некој вид родово засновано насилство во текот на животот. Тоа се една милијарда жени и девојки.

Симболично, со танц, на овој ден жените се охрабруваат, активираат, мобилизираат и здружуваат за да го кренат својот глас против насилството врз жените. Движењето „Една милијарда се крева“ започна во 2012 година, по објавувањето на поразувачката статистика на Обединетите нации дека една од три жени во текот на животот ќе биде жртва на некој вид насилство.

Повеќе фотографии овде.

 

Петдневна обука во Софија

Претставнички на Националниот совет за родова рамноправност, во периодот од 24 до 28 ноември 2015, присуствуваа на петдневна обука во Софија, Бугарија, во рамки на проектот „Европско партнерство за активности кои вклучуваат луѓе кои се во ризик од маргинализација“.

Во рамки на обуката беа опфатени следните теми: користење на бајките како тераписка метода во работата со жртви на семејно насилство, користење на драмата како метод во образовната и тераписка работа, користење на форум театарот во спречувањето на агресијата кај младите, примена на ликовни техники во работна терапија особено со старите лица, запознавање со карактеристиките на лицата со оштетен вид и примена на театарот во насока на нивна социјална комуникација. 

Проектот е финансиран од Програмата Еразмус плус на Европската унија.

 

Состанок во рамки на проект

На 12.11.2015 (четврток) во Скопје, во просториите нa ГЕМ клубот, се одржа заеднички состанок на тема: "Развојна стратегија, план и јакнење на соработката меѓу граѓанските организации и институциите кои се одговорни за родово базираното насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција во Македонија“. 

На состанокот се презентираа позитивните искуства и пракси од Република Хрватска и ЕУ, како и искуствата од студиското патување во Загреб, каде беа посетени институции кои работат со родово базирано насилство. На состанокот се презентираше и Прирачник за работа со жени жртви на родово базирано насилство. 

Состанокот придонесе кон зголемување на видливоста на проблемот со родово базираното насилство врз жените и приоритетите на Хрватската развојна соработка, кое меѓу другото е насочен кон јакнење на положбата на жените.

Овој состанок е спроведен во склоп на проектот “Јакнење на улогата на жената во областа на спречување на родово базирано насилство, дискриминација и пост- конфликтна демократска транзиција”. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска од програмата за развој и соработка.

 

Конференција „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство"

На 11.11.2015, во ЕУ Инфо центар во Скопје, се одржа регионална конференција на тема „Заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство – моментални состојби и добри пракси“.

Свои обраќања на конференцијата имаа Савка Тодоровска, Претседателка на НСРР-СОЖМ, Мауро Ди Вероли, претставник на ЕУ Делегацијата во Р. Македонија, Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и претставник на УНДП за Република Македонија, Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ во Р. Македонија, по што следеа три сесии, со последователни дискусии и заклучоци.

Повеќе фотографии на следниот линк.

 

Донатори








Членка на: