English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Справување со семејното насилство на локално ниво

Националниот совет за родова рамноправност го имплементира проектот „Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство” поддржан од УНФПА, преку кој се воспоставени локални координативни тела за справување со семејното насилство во општините: Центар/Скопје, Кривогаштани и Долнени.
Целта на локалните координативни тела е координирано делување на релевантните чинители со случаите на семејно насилство, како и делување на превенцијата од семејното насилство преку едукации во воспитно образовните институции.
Локалните координативни тела (ЛКТ) се дел од општинските структури и се составени од релевантни претставници од општината, центрите за социјални работи, полицијата и образовни и здравствени установи на локално ниво. ЛКТ е институционален механизам за поефикасна помош и поддршка на жртвите од семејното насилство на локално ниво.

Во рамките на Кампањата 16 дена активизам против семејното насилство, како дел од проектот, во општините Скопје, Кривогаштани и Долнени беше изведена и претставата на велешкиот театар „Белег од човечки заби“.

Повеќе слики може да погледнете овде.

 

Заштита на жртвите на семејно насилство

Националниот совет за родова рамноправност спроведе активности со општинските раководства и приватниот сектор насочени кон заштита на жртвите на семејно насилство.

Националниот совет за родова рамноправност спроведе 4 семинари со 100 претставници на општинските власти и 4 семинари со 100 претставници на приватниот сектор, од 25 општини од Република Македонија.

Целта на овие семинари беше сензибилизирање за проблемот на семејно насилство и информирање за Програмата за економско зајакнување на жените жртви на семејното насилство, со посебен акцент на мерката субвенционирано вработување на жените жртви на семејното насилство.

Активностите се поддржани од УНДП.

Повеќе слики може да погледнете овде.

 

Правна помош за жртви на семејно насилство

Националниот совет за родова рамноправност отвори сервиси за бесплатна правна помош за жртви на СН

Во рамки на проектот „Имам право да бидам заштитен/а“, Националниот совет за родова рамноправност отвори сервиси за бесплатна правна помош во општините: Велес (сервисот ги покрива општините Велес, Градско и Чашка), Кавадарци (сервисот ги покрива општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија) и Кривогаштани (сервисот ги покрива општините Кривогаштани, Долнени, Прилеп и Крушево).

Повеќе...

 

Хуманитарен Василичен коктел

Традиционално, секоја година, Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ организира Хуманитарен Василичен коктел.

Оваа година НСЖМ-СОЖМ под покровителство на градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ орагaнизира Хуманитарен Василичен коктел на 14.01.2010 година (четврток) во хотелот „Холидеј Ин“ – Скопје со почеток во 12:00 часот.

Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за стипендирање на студенти бруцоши кои потекнуваат од семејства кои не се во можност да обезбедат школување на своите деца.

Повеќе...

 

FREJA Форум

Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ и оваа година е една од партнер организациите кои го организираат и учествуваат на Freja Форумот 2009 кој се одржа од 13 до 15 ноември во Белград.

На Freja Форумот учествуваа членки на Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, нивни соработници, претставници од бизнис секторот, заедницата на единиците на локалната самоуправа и Општина Центар како и еминентни личности од земјите од регионот и ЕУ.

Freja форумот оваа година е посветен на демократија, еднакви можности и квалитет на живот.

Целта е да се соберат на едно место претставници од земјите од Западен Балкан и членки на ЕУ кој ќе водат дијалог што ја зајакнува демократијата, и ќе го подобри квалитетот на животот во Европа и на Балканот.

Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ и Општина Центар оваа (2010) година ќе бидат домаќини на Freja Форумот во Скопје.

 

Донатори








Членка на: