English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

FREJA Форум

Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ и оваа година е една од партнер организациите кои го организираат и учествуваат на Freja Форумот 2009 кој се одржа од 13 до 15 ноември во Белград.

На Freja Форумот учествуваа членки на Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, нивни соработници, претставници од бизнис секторот, заедницата на единиците на локалната самоуправа и Општина Центар како и еминентни личности од земјите од регионот и ЕУ.

Freja форумот оваа година е посветен на демократија, еднакви можности и квалитет на живот.

Целта е да се соберат на едно место претставници од земјите од Западен Балкан и членки на ЕУ кој ќе водат дијалог што ја зајакнува демократијата, и ќе го подобри квалитетот на животот во Европа и на Балканот.

Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ и Општина Центар оваа (2010) година ќе бидат домаќини на Freja Форумот во Скопје.

 

Новогодишна трпеза и делење на новогодишни подароци

Посета на домот 11 Октомври.jpgТрадиционално секоја година Националниот совет на жени на Македонија – СОЖМ организира Новогодишна трпеза и делење на новогодишни подароци на децата од домот без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.

На 29 Декември 2009 година (вторник) во 12:30 часот претставнички од НСЖМ-СОЖМ заедно со своите членки, сопственичката на модното студио Елена Лука и естрадната ѕвезда Есма Реџепова го посетија домот 11 Октомври и ја споделија радоста заедно со децата .

 

 

Донатори








Членка на: