English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Кои сме ние

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е национална, мултиетничка и мултигенерациска мрежа, креативно ориентирана кон иднината. Организацијата се стреми кон постигнување на родова еднаквост, развој, заштита на женските, човекови права и мир.

Националниот совет за родова рамноправност е мрежа во која членуваат околу 116 локални женски организации од урбани и рурални средини.

Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) е формиран во октомври 1994 и израсна во една од најголемите женски мрежи во Република Македонија. Членки се жени од различна возраст, различни по социјално и образовно ниво, етничка припадност и религија.

Со своите активности НСРР промовира култура на мир и ненасилство, учествува во политичкото и економското јакнење на жените, се залага за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи, учествува во унапредувањето на политиките во областа на родово базираното насилство, и се залага за сè она што се подразбира со зборот рамноправност.

Во рамките на Националниот совет за родова рамноправност функционира бесплатна СОС линија за жртви на семејно насилство.

Бесплатните броеви се:

070 141 700

075 141 700

077 141 700

 

Донатори








Членка на: