English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Визија Мисија Цели

Нашата визија е родова рамноправност, загарантирани женски права, елиминирање на дискриминацијата на жената во општеството и во семејството, развој и мир.

Нашата мисија е промовирање на женските права како човекови права, елиминација на сите форми на дискриминацијата на жените и градење на општество со еднакви можности.

Националниот совет за родова рамноправност ја остварува својата мисија со креирање нови односи во општеството, зголемувајќи го учеството на жените во јавниот живот и одлучувачките процеси, преку соработка и меѓусебна поддршка, како и преку застапување и промовирање на женските права, борба против насилството, борба против злоупотреба и трговија со жени, промовирање и гарантирање на еднаквите можности и учество на жените во сите сфери од општествениот живот, со охрабрување на толеранцијата и на дијалогот, промоција и заштита на мирот во регионот, на поголемото учество на жената во власта и во одлучувањето, подобрување на социо-економската положба на жената и развој на претприемништвото како и придонес кон вклучување на родовиот концепт во законите на Република Македонија и приближување кон европските стандарди.

 

Донатори








Членка на: