English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Мировен форум

На 21.06.2016 г., во организација на Националниот совет за родова рамноправност и HWPL/IWPG, се одржа Мировен форум.

На Форумот се промовираше Декларацијата за мир и прекин на војните, се разговараше за потребата од мобилизирање на граѓаните во залагањата за мир и прекин на војните, можностите за постигнување на мир во светот и активностите кои треба да се преземат во светски рамки, како и за состојбата во Македонија во однос на ова прашање.

Говорнички на Форумот беа: г-ѓа Милка Ристова, поранешна судијка во Врховниот суд, г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на Транспаренси Интернешнал Македонија, г-ѓа Ирина Поцкова, Претседателка на ГИЖ Свети Николе и членка на Регионално женско лоби, г-ѓа Савка Тодоровска, Претседателка на Национален совет за родова рамноправност и г-ѓица Маја Сталеска, Претседателка на Младински центар за еднакви можности.

Повеќе фотографии може да погледнете овде.

 

Донатори








Членка на: