English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Конференција „Заштита и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство“ 2016

На 6.10.2016 г. во Скопје се одржа конференција на тема „Заштита и поддршка на жени – жртви на родово базирано насилство“.

Конференцијата претставуваше можност за учество на претставници од различни сфери засегнати со проблемот на родово засновано и семејно насилство со цел:

- споделување искуства и примери од страна на претставниците на институциите и невладините организации кои работат со жени – жртви на родово базирано насилство;

- претставување на примери на добра пракса од имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство;

- дефинирање на приоритетите и нивото на заедничко делување на институциите и невладините организации за подобрување на состојбата во земјата во однос на заштитата и поддршката на жените – жртви на родово базирано насилство;

- развивање на заклучоци и препораки за поефективна заштита и поддршка на жените – жртви на родово базирано и семејно насилство.

Говорници на конференцијата беа: г-ѓа Фросина Ременски, Министерка за труд и социјална политика, г-дин Мауро Ди Вероли, раководител на Оддел за операции во Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, г-ѓа Луиза Винтон, Постојан координатор на ОН во Македонија, г-ѓа Марија Ангелова, Комисија за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лидија Димова, Национален совет за евроинтеграции, г-ѓа Вања Мацановиќ, Европско женско лоби, г-ѓа Далида Хорват, Друштво СОС телефон, Љубљана, Словенија, г-ѓа Барбара Стелмажек, Европска мрежа на жени против насилство (WAVE), г-ѓа Билјана Настовска, UNDP, г-ѓа Доминика Стојаноска, раководителка на канцеларија на UN Women во Скопје и г-ѓа Стојанка Мирчева, експерт.

Повеќе фотографии овде.

 

Донатори








Членка на: