English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

„Спречување на насилството врз жените, спроведување на норми, промена на ставови”

Главната цел на проектот е да се воспостават заеднички стандарди во собирањето на податоци за жртвите и насилниците, со цел да се овозможи споредба на податоците собрани од различни институции во земјите и на меѓународно ниво, како и да се обезбедат подобри практики во справувањето со насилството врз жените.

Целите на проектот се:

1. Да се ​​идентификуваат сите видови на податоци и обрасци кои се користат во процесот на собирање податоци и се поврзани со насилството врз жените. Процесот треба да ги опфати сите форми на собирање податоци кои организациите на граѓанското општество ги собираат кога ќе дојдат во контакт со потенцијални или вистински жртви на насилство. Тука спаѓаат обрасци за доказ за преживеани и обрасци за проценка на безбедносен ризик.

2. Да се ​​класифицираат типови податоци и да се изврши нивна унификација како и да се воведат дополнителни референтни информации кои ќе овозможат спроведување на анализи со цел да се добие вистински доказ за состојбата во однос на степенот и преваленцијата на насилството врз жените.

3. Да се ​​подготват упатства за работа на специјализирани даватели на услуги, вклучувајќи ги и минималните стандарди за работа на специјализирани даватели на услуги, правила за доверливост, обрасци за докази за преживеани и обрасци за проценка на безбедносен ризик

4. Врз основа на класифицирани и унифицирани типови на податоци за развивање на софтвер за собирање на податоци за давателите на специјализирани услуги на ГО

5. Да организираат работилници и обуки со давателите на услуги од ГО за да ги запознаат граѓанските организации со новите упатства за работа на специјализирани даватели на услуги и да ги обучат претставниците на ГО за користење на новиот софтвер за собирање на податоци

6. Да воспостават блиска соработка / координација со јавните службеници и да го презентираат новиот развиен систем за евидентирање на податоци помеѓу давателите на услуги на ГО и да дискутираат за интересот и можностите за воспоставување на еден единствен систем за собирање на податоци помеѓу давателите на услуги од јавен и граѓански сектор;

7. Да се ​​докаже и потврди дека иницијативата за развој на системот за евидентирање на податоци е ефикасна и има јасно локално влијание преку спроведување на пилотирање на новиот систем за евидентирање на податоци од страна на даватели на услуги од ГО,

8. Да се ​​подигне свеста за достапноста на услугите како одговор на насилството врз жените

Времетраење на проектот: 18 месеци

Донатор: UNWomen Македонија, како дел од тригодишна програма „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови”, финансиски поддржана од Европската унија, во рамки на Инструментот за претпристапна помош ИПА II, имплементирана од Tелото на Обединети Нации за родова рамноправност и зајакнување на жените UN Women.

 

Донатори








Членка на: