English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА

ОПИС НА ЗАДАЧИ

Експерт/ка за мониторинг


 1. Контекст на задачата

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР ќе се стреми кон:

  • Зајакнување на ефективноста, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и одржливоста на мрежата и нејзините регионални центри;
  • Намалување на родово-базирано насилство, насилство врз жената и семејно насилство и реинтеграција на жртвите од родово-базирано насилство, насилство врз жената и домашно насилство;
  • Еднакво учество на жените во политичкиот и јавниот живот и во сите сфери на општеството;
  • Вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени.

Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка.


2. Цел и опфат на задачата

Целта на задачата на експертот/ката за мониторинг е да се осигура редовно следење на активностите со намера да се обезбеди учење, да се осигура отчетност и да се демонстрира ефективност и ефикасност во спроведувањето на програмата.

Поспецифично обврска на експертот/ката ќе биде да обезбеди поддршка на програмскиот тим во:

  1. Воспоставување на систем за мониторинг на програмските активности
  2. Прибирање на потребните податоци и нивна анализа
  3. Известување согласно на потребите на организацијата и барањата на донаторот
  4. Учење и спроведување на потребните промени и прилагодувања на програмата и стратешкиот пристап.

3. Специфични активности и очекувани резултати

Следните активности треба да бидат реализирани од страна на експертот/ката:

  • Поддршка на тимот во планирање и развој на систем за мониторинг кој ќе осигура прибирање на потребните податоци и следење дали се остваруваат планираните продукти и резултати;
  • Развој на мониторинг индикатори врз основа на постоечката логичка рамка и подготовка на план за мониторинг кој ќе ги дефинира целните вредности, методологијата за прибирање податоци и одговорностите;
  • Развој на алатки за мониторинг и насоки за проектниот тим за нивно користење;
  • Планирање на процесите на прибирање податоци;
  • Поддршка на тимот во агрегирање, сумирање и анализа на податоците и нивно соодветно презентирање во извештаите;
  • Редовни состаноци со проектниот тим за преглед на прогресот, ревизија на планот и учење.

Резултати/продукти кои треба да произлезат од работата на експертот/ката се:

  • План за мониторинг на програмата кој по потреба ќе се ажурира тековно
  • Обрасци, прашалници и други алатки кои ќе се користат во процесот на мониторинг
  • Извештај од ангажманот и реализираните активности на експертот/ката


4. Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно 15 работни денови. Активностите треба да се реализираат во периодот февруари – декември 2022.


5. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката

Експертот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми:

Општо професионално искуство

  • Високо образование од областа на општествени науки (економија, менаџмент). Постдпломски и докторски студии ќе се сметаат за предност.
  • Минимум 10 години работнo искуство.

Специфично професионално искуство и вештини

  • Професионално искуство во работа со граѓански организации од најмалку 7 години;
  • Професионално искуство во работа на ЕУ проекти од најмалку 5 години;
  • Искуство како експерт во областа на мониторинг на најмалку 3 слични проекти/задачи;
  • Да поседува одлични комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини;
  • Одлични компјутерски вештини;
  • Познавање на англиски јазик.

Државни службеници и персонал тековно вработен во јавната администрација немаат право да бидат избрани.

6. Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/тки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

  • Писмо за изразување интерес;
  • Професионално CV (во ЕУ формат за експерти);
  • Методологија (план за задачата);
  • Листа од три лица и нивни контакти за препорака од слични работни ангажмани;
  • Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.

Пријавите треба да се достават најдоцна до 10.02.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за експерт/ка за мониторинг

Критериуми за избор на експертот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју.

 

Донатори








Членка на: