English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Оглас за вработување на проектен координатор - СОС линија

Сојуз – Национален совет за родова рамноправност

Објавува оглас за вработување на проектен координатор/ка

Програма: СОС мобилна национална линија за поддршка на жртви на семејно насилство

Позицијата предвидува половина работно време (20 часа неделно) со ретки попладневни ангажмани при организација на настани, како и можност нефреквентни патувања во земјата и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на НСРР комбинира работа во канцеларија со работа од дома, со флексибилно работно време.

Вработувањето е од времен карактер со потенцијал за продолжување на работниот договор на неопределено време.

Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор).


Oпис на позицијата:

  • Планирање и спроведување на активностите во рамки на проектот „СОС мобилна национална линија за поддршка на жртви на семејно насилство“ ;
  • Координирање со распоредот на пет операторки на СОС линијата;
  • Подготвување на месечни и финални извештаи за проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
  • Редовно следење и запознаеност со развојот на јавните политики во државата во  тематската област (семејно насилство, насилство врз жените и родово базирано насилство) и известување на раководниот тим за потенцијални можности за интервенции;
  • Анализирање на регулатива и стратешки документи и подготвување сумарни аналитички извештаи поврзани со тематската област;
  • Учествување во дизајн и подготовка на истражувачки проекти во тематската целина;
  • Во соработка со тимот на извршната канцеларија, организирање на конференции, работилници и други настани во рамките на тематскарта област;
  • Претставување на организацијата на различни настани поврзани со тематската област;


Критериуми за аплицирање:

  • Најмалку 3 годишно работно искуство, по можност во невладиниот сектор и на тема родова еднаквост/женски права;
  • Завршени додипломски студии во релевантна област од општествените науки;
  • Работно искуство кое вклучува спроведување на проекти, а особено од областа на родовата еднаквост;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакетот;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;


Услови:

  • Избраниот/та кандидат/ка ќе работи со скратено работно време;
  • Можност за напредување и кариерен раст согласно работната успешност;
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

-Биографија (CV)

-Мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 04.03.2022 на следните е-mail адреси:

TO: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

CC: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Subject: Апликација за работно место: проектен координатор/ка

Сите апликации ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 

Донатори








Членка на: