English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Повик за избор на обучувач за тренинг на тема лобирање и застапување

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА ЛОБИРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ

 1. Контекст на задачата

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ НСРР ќе се стреми кон:

  • Зајакнување на ефективноста, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и одржливоста на мрежата и нејзините регионални центри;
  • Намалување на родово-базирано насилство, насилство врз жената и семејно насилство и реинтеграција на жртвите од родово-базирано насилство, насилство врз жената и домашно насилство;
  • Еднакво учество на жените во политичкиот и јавниот живот и во сите сфери на општеството;
  • Вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени.

Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка.

 2. Опис на работни задачи и испорачани услуги

Обучувачот/ката треба да подготви и испорача дводневен тренинг за “Лобирање и застапување“ наменет за  15 учеснички од 4 женски организации од мрежата на Национален совет за родова рамноправност.

Обучувачот/ката ќе треба да развие методологија за спроведување на тренингот која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата. Од обучувачот се очекува  во координација со раководителката на проектот да ја развие програмата за обуката како и алатки за оцена.


Програмата за обуката треба да ги понуди/опфати следните тематски целини:

1. Дефинирање на поимот, цели и видови на застапување;

-          Влијание и моќ на убедување;

-          Клучни фактори на успех во застапувањето и лобирањето;

2. Идентификација на прашања за застапување и лобирање: застапување и лобирање во Македонија (успешни приказни, препреки, причини за успех/неуспех);

3. Стратегии за застапување и лобирање;

4. Техники на застапување и лобирање -  како да им пристапиме на доносителите на одлуките;

5. Легитимност и отчетност во застапувањето и лобирањето;

6. Законска рамка во застапувањето и лобирањето и креирање политики;

7. Истражување, документација и набљудување;

8. Децентрализацијата и можностите на граѓанското општество – прашања за застапување и лобирање во локалните области (партиципација во локалната демократија, набљудување на локалната влада, влијание на политиките, воспоставување соработка/партнерства);

9. Цели, партнерства и сојузи;

 2. Специфични активности и очекувани резултати

Следните активности треба да бидат реализирани од страна на обучувачот/ката:

  • Да развие програма за тренингот;
  • Пред тренингот да подготви презентации и вежби кои ќе ги сподели со раководителката на проектот;
  • Да го спроведе тренингот;
  • Да развие и предложи методологија за оценка на тренингот;
  • После спроведениот тренинг да изготви и поднесе извештај најдоцна 7 работни дена по завршувањето на истиот.

3. Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно 2 работни денови. Активностите треба да се реализираат во третата недела од месец април 2022.

4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката

Обучувачот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми:

Општо професионално искуство

  • Високо образование од областа на општествени науки.
  • Постдпломски и докторски студии ќе се сметаат за предност.
  • Минимум 10 години работнo искуство.

Специфично професионално искуство и вештини

  • Искуство во спроведување обуки (предност ќе имаат оние кои имаат искуство со испорака на обуки на предвидените теми);
  • Испорачани најмалку 5 обуки на тема: лобирање и застапување;
  • Искуство во работа со претставници од женски граѓански организации;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги.

 5. Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

  • Писмо за изразување интерес;
  • Професионално CV;
  • Методологија (план за задачата);
  • Листа од три лица и нивни контакти за препорака од слични работни ангажмани;
  • Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.

Пријавите треба да се достават најдоцна до 04.04.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за ОБУЧУВАЧ ЗА ТРЕНИНГ НА ТЕМА ЛОБИРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ.

Критериуми за избор на обучувачот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.

 

Донатори








Членка на: