English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Повик за модератор за тркалезни маси

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МОДЕРАТОР ЗА ТРКАЛЕЗНИ МАСИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА НА СЕКТОРИТЕ КОИ ДИРЕКТНО КОМУНИЦИРААТ СО ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО И РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

1. Контекст на задачата

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) е национална мрежа на 116 локални женски организации посветена на родова рамноправност, заштита на женските и човековите права, развој и градење мир. НСРР има мисија да ги промовира правата на жените, да работи на елиминација на сите форми на дискриминација на жените и на изградба на општество со еднакви можности за сите.

За спроведувањето на својата програма за 2022 НСРР обезбеди оперативен грант од фондови на Европската Унија. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2022 година со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР ќе се стреми кон:

●      Зајакнување на ефективноста, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста и одржливоста на мрежата и нејзините регионални центри;

●      Намалување на родово-базирано насилство, насилство врз жената и семејно насилство и реинтеграција на жртвите од родово-базирано насилство, насилство врз жената и домашно насилство;

●      Еднакво учество на жените во политичкиот и јавниот живот и во сите сфери на општеството;

●      Вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени.

Спроведувањето на активностите од годишната програма е предвидено да биде следено од страна на надворешен експерт/ка.

2. Опис на работни задачи и испорачани услуги

Обучувачот/ката треба да подготви и испорача три тркалезни маси на тема: ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕЃУСЕБНАТА СОРАБОТКА НА СЕКТОРИТЕ КОИ ДИРЕКТНО КОМУНИЦИРААТ СО ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО И РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО.

Модераторот/ката ќе треба да развие методологија за спроведување на тркалезните маси во соработка со програмскиот менаџер и проектниот тим, како и да ги модерира истите. Од модераторот/ката се очекува да дејствува како неутрален учесник во дискусијата,  да обезбеди сите учесници да внимаваат на временските ограничувања за време на дискусијата како и да обезбеди што помало застранување од темата ипрашањата што се поставуваат за време на дискусијата. Воедно, модераторот/ката има задача да постави соодветен тон на разговорот како и, да ги поттикне гостите да учествуваат така што атмосферата ќе биде отворена и интимна.

Целта и содржината на тркалезните маси ќе биде :

Презентација на актуелната состојба што жртвите на семејно насилство ја пријавуваат на СОС линијата за семејно насилство при Национален совет за родова рамноправност, со цел да се обезбеди навремен, стручен одговор и решавање на проблемот на семејно насилство во корист на жртвите.

Планирани се три тркалезни маси со претставници од стручните оддели на државните институции на сите нивоа, како и претставници од граѓанскиот сектор.

2. Специфични активности и очекувани резултати

Следните активности треба да бидат реализирани од страна на модераторот/ката:

●     Да модерира три тркалезни маси;

●     Пред тркалезните маси да подготви предлог за тема и поттеми за дискусија за време на истите кои ќе ги сподели со раководителката на проектот;

●     Да обезбеди сите учесници да внимаваат на временските ограничувања за време на дискусијата;

●     Да развие и предложи методологија за оценка на тренингот;

●     После спроведениот тренинг да изготви и поднесе извештај најдоцна 7 работни дена по завршувањето на истиот.

●     Ќе обезбеди секој да добие шанса да се вклучи во дискусијата.

●     Да ја разгледа темата за дискусија со цел да обезбеди соодветна структура за поставување прашања и добивање одговори, модерирање на дискусија и евидентирање на промени во текот на дискусијата;

●     Ќе подготвено визуелно привлечни материјали и пријатни активности кои ќе овозможат брзи и ефективни дискусии;

●     Ќе се погрижи учесниците да се чувствуваат удобно да поставуваат прашања, како и да прифатат неосудувачки пристап кон гледиштата на останатите учесници;

●     Да се погрижи учесниците да не застрануваат од зададената тема;

●     Да им посочи на учесниците дека тркалезна маса ќе остане доверлива;

●     Да ги заклучува и сумира главните точки од состаноците, дискусиите и договорените изјави/дејства;

3. Времетраење и период на спроведување на активностите

За овој ангажман се предвидени вкупно 3 работни денови. Активностите треба да се реализираат во последната недела од месец мај 2022.

4. Квалификации и барања кои треба да ги задоволи експертот/ката

Обучувачот/ката се очекува да ги исполнува следните критериуми:

Општо професионално искуство

●     Високо образование од областа на општествени науки.

●     Минимум 5 години работнo искуство.

Специфично професионално искуство и вештини

●     Искуство во работа со претставници од државни институции, граѓански организации и даватели на услуги во областа на семејно и родово базирано насилство;

●     Широко познавање и работно искуство во рамките на легислативата поврзана со семејно и родово базирано насилство,

●     Одлично познавање на македонски јазик.

●     Одлични комуникациски вештини.

●     Способност за работење со кратки рокови и навремено испорачување на услуги.

5. Пријавување и избор

Заинтересираните кандидати/ки можат да се пријават со доставување на  следниве документи:

●     Писмо за изразување интерес;

●     Професионално CV;

●     Листа од три лица и нивни контакти за препорака од слични работни ангажмани;

●     Финансиска понуда, која вклучува надомест по ден во бруто износ изразена во македонски денари, со вклучен персонален данок на доход.

Пријавите треба да се достават најдоцна до 20.05.2022 на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со предмет: Апликација за МОДЕРАТОР ЗА ТРКАЛЕЗНИ МАСИ НА ТЕМА ЗАЕДНО ДО МЕЃУСЕКТОРСКИ ОДГОВОР.

Критериуми за избор на модераторот/ката се претходното релевантно професионално искуство, квалитетот на предложената методологија и финансиската понуда. Кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор може да бидат повикани на интервју. Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.

 

Донатори








Членка на: