English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2008-2012

Женско претприемништво

Цел на проектот: Промоција на најдобри практики и политики за женско претприемништво

Резултати:

-  Спроведна проценка на политиките за женското претприемништво

-  Спроведено истражување за деловните субјекти во сопственост на жени

-  Подигната свеста не релевантни чинители за потребата од унапредување на политиките и практиките поврзани со женското претприемништво 

Период на имплементација: 2012

Донатор: SIDA  

 

Процена на локалните политики/ програми и буџети од родова перспектива

Цел: Вклучување на родовата перспектива во локалните политики и програми.

Активности: Интервјуа со релевантни чинители: градоначалници, претставници на комисиите за еднакви можности, координаторите за еднакви можности, одговорните лица за социјална заштита во локалните самоуправи, претставници на невладините организации од три општини, анализа на програмите, политиките и буџетите од социјалната заштита во три општини, публикување на резултатите од анализата, промоција на анализата.

Резултати: Сензибилизирање на релевантните чинители: градоначалници, претставници на комисиите за еднакви можности, координатори за еднакви можности, одговорни лица за социјална заштита во локалните самоуправи за потребата од подеднакво вклучување на потребите и приоритетите на жените и мажите во локалните политики/ програми и буџети.

Донатор: Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените

 

Преку едукација кон вклучување на пазарот на труд

Цел: Придонес кон вработувањето на руралните жени и нивно вклучување на пазарот на труд.

Активности: Три еднодневни обуки насловени „Економско зајакнување на жени“.

Резултати: 45 рурални жени обучени за нивните економски права и можности, економски можности за женско претприемништво, личен и професионален развој, менаџирање на бизнис и маркетинг стратегија, развој на бизнис идеја и бизнис план.

Донатор: Амбасада на Република Франција во Македонија

 

Жените од Југоисточна Европа во мрежа за рурален развој

Цел: Поголемо учество на руралните жени во руралниот и регионален развој и зајакнување на руралните жени во 7 земји од Југоисточна Европа.

Активности: Национална конференција „Жените во руралниот развој“, Воспоставување на Локални акциони групи, Регионални работилници за промоција на ЛИДЕР пристапот во руралниот развој и размена на искуства, Локални работилници за промоција на ЛИДЕР пристапот во руралниот развој.

Резултати: Воспоставени локални акциони групи, подобрена видливост на руралните жени во процесите на рурален равој, најдобри научени пракси/лекции споделени на регионално и национално ниво, подобрено разбирање на состојбата на жените во руралниот равој, воспоставена мрежа на жени во руралниот равој во Југоисточна Европа.

Период: 2011/2012

Донатор: ЕУ

 

Информирај се пред да донесеш одлука

Цел: Зголемување на свеста на девојките и младите жени, со различно етничко и социјално потекло, за проблемот на трговија со луѓе и начините за негова превенција.

Во 20 урбани и рурални локални заедници во Република Македонија се актуелизираше проблемот на трговијата со луѓе. Преку одржаните работилници 485 учесници беа информирани и запознаени за проблемот на трговија со луѓе и начините за негова превенција.

Донатор: Меѓународна организација за миграции

 

Донатори








Членка на: