Цел: Едукација на жените и јакнење на нивните капацитети за успешен настап на пазарот на трудот поради намалување на сиромаштијата и невработеноста кај жените.
Активности: отварање и опремување со техничка опрема на Бизнис тренинг центар за жени; дистрибуирање на брошурата „Од идеја до успех“; спроведување основни и напредни курсеви за компјутерски вештини; курсеви за англиски, албански и турски јазик; основни и напредни курсеви за изучување на деловен англиски јазик; подготовка на биографија (CV), писмо за мотивација и презентациски вештини; курсеви за изработка на бизнис план; основни обуки за маркетинг и менаџмент.
Донатор: Кинеска женска федерација од Народна Република Кина.