English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2000-2003

Младински центар „Отворен простор"

Цел: Јакнење на свеста на младите и нивно интегрирање во заедницата врз основа на градење позитивни ставови и релации за себе и за другите.

Резултати: Совладани различни техники и вештини за поуспешно интегрирање во социјалната средина; Прифаќање на самиот себе и на сопствените животни околности; Поголема информираност на младите за различни општествени теми и прашања; Поголема способност за самоорганизирање и самоиницијатива; Изградена позитивна слика за себе; Препознавање, соочување и надминување на личните проблеми и фрустрации од страна на младите лица; Поврзување на младите од регионот преку воспоставување нови форми на соработка и размена на искуства.

Донатор: Агенција за спорт и млади на Република Македонија.

 

Југоисточна Европа - Регионален парламентарен клуб на жените

Цел: Јакнење на парламентарките преку размена на искуствата и меѓународна соработка.

СОЖМ беше регионален координатор на проектот кој се спроведуваше во Македонија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Донатор: Пакт за стабилност (Gender Task Force, SP GTF).

 

Жените го можат тоа III

Цел: Мотивирање на жените од локалната самоуправа и жените на политички позиции за менување на политичката атмсфера во локалната самоуправа од аспект на родова рамноправност со мото „Жените на локално ниво создаваат промени”.

Регионален проект во кој СОЖМ беше национален спроведувач за Македонија.

Резултати: Реализирана иницијатива за формирање Македонско женско лоби на локално ниво; Отворени комисии за родова рамноправност во советите на локалните самоуправи.

Донатор: Пакт за стабилност (Gender Task Force, SP GTF).

 

Жените Ромки го можат тоа

Цел: Зголемување на свеста за родовата рамноправност на жените Ромки, јакнење на нивната самодоверба и охрабрување да земат активно учество во јавниот и политичкиот живот во нивните земји.

Регионален проект за политичко јакнење на жените Ромки од 12 земји во Југоисточна Европа: Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Унгарија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора со Косово.

Резултати: Обучени 24 национални ромски тренери од 12 земји во Југоисточна Европа; Реализирани 61 локален семинар на кои се едуцирани 1300 жени Ромки и повеќе од 100 мажи; 114 ромски жени се едуцирани за активно учество во јавниот и политичкиот живот во Република Македонија.

Донатор: Пакт за стабилност (Gender Task Force, SP GTF).

 

Мултиетничко училиште

Цел: Надминување на јазичните бариери помеѓу различните етнички групи.

Резултати: Остварена Програма на мултиетничкото јазично училиште со изучување на следните јазици: Албански јазик - почетен и продолжителен курс, Турски јазик - почетен и продолжителен курс, Англиски јазик - почетен и продолжителен курс, Македонски јазик - за државјани на Македонија и за странски државјани. Курсевите ги посетија над 80 кандидати од различна национална, образовна, старосна и полова структура.

Самофинансирано од СОЖМ.

 

Донатори








Членка на: