English (United Kingdom)
Банер
Банер
Банер

Награди

Општини

Банер

Проекти 2015-2016

Европско партнерство за активности кои вклучуваат луѓе кои се во ризик од маргинализација

Цели на проектот се: развивање на соработка и размена на искуства меѓу едукатори за креативни активности за луѓето со ризик од исклучување, проширување на професионалните квалификации на оние кои работат со лица кои се во ризик од исклучување, стекнување на нови вештини на едукаторите и подобрување на нивните психолошки, интерперсонални и методолошки вештини, дисеминација на методот на модерната уметност како терапија за лица подложни на маргинализација.

Во проектот се вклучени невладини организации од Полска, Словачка, Бугарија, Австрија и Македонија.

Проектот ќе се имплементира од октомври 2015 до септември 2017.

Проектот е финансиран од Програмата Еразмус плус на Европската унија.

Официјална веб-страна на проектот.

 

Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција

Проектот „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција” во Македонија и Хрватска во партнерство го споведуваат женските невладини организации: Национален совет за родова рамноправност од Скопје и Центар за жени жртви на војната - РОСА од Загреб.

Проектот е финансиран од програмата за развојна соработка 2015 на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Главна цел на програмата е придонес кон зајакнување на хрватските  граѓански организации за спроведување на проекти за развојна соработка. Втора важна цел е придонес кон создавање и јакнење на партерства меѓу хрватски и странски партнерски организации од граѓанскиот сектор.

Очекувани резултати од проектот:

1. Зголемени капацитети на женските граѓански организации за вмрежување, поврзување и спроведување на програми/проекти за меѓународна развојна соработка, пост-конфликтна демократска транзиција, како и обезбедување на помош и поддршка за жени кои преживеале родово засновано насилство и дискриминација.

2. Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации, донесувачите на одлуки и институциите кои работат на полето на насилството и пост-конфликтната демократска транзиција.

3. Зголемена видливост на проблемот на родово засновано насилство и приоритетите на хрватската развојна соработка.

Траење на проектот: 24 месеци (2015-2016)

 

Со здружени напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство

Цел на проектот: Придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политики за заштита од родово базирано насилство во Западен Балкан, како услов за постигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и усогласување со европските вредности. Покрај тоа, проектот е насочен кон јакнење на капацитетите на женски организации и мрежи во 4 земји од Западен Балкан за: анализа, следење и застапување во областа на заштита на жени од родово базирано насилство, преку долгорочна регионална соработка и учење од искуствата на Европската унија.

Рамка за проектните активности претставува Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Очекувани резултати од проектот:

1. Развиени знаења и вештини на женските организации за активно учество во јавен дијалог и влијание врз носителите на одлуки во областа на заштита од родово базирано насилство.

2. Воспоставен дијалог помеѓу женските организации/мрежи и носителите на одлуки за усогласување на националните закони и мерки за заштита на жртвите од родово базирано насилство со Конвенцијата на Советот на Европа.

3. Зајакнати капацитети на женските организации за застапување на правата на корисничките и следење на мерките за заштита од родово базирано насилство и социјално вклучување на локално ниво.

4. Воспоставен систем за сеопфатно следење на примена на законите и политики во врска со Конвенцијата на Советот на Европа.

Траење на проектот:  24 месеци (2015/2016)

Проектот е финансиран од Европска Унија.

Официјална веб-страна на проектот.

 

Донатори








Членка на: