СОЈУЗ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Родови студии БТЦЖ МЦОП Мултиетничко училиште ЦПЕЖ
         
ЗА НАС
ПРОГРАМИ
АКТИВНОСТИ
ПРОЕКТИ
МРЕЖА
ПУБЛИКАЦИИ
ENGLISH
  
КОНТАКТ


  Developed by:

 
БТЦЖ
 

БИЗНИС ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ЖЕНИ
Центар за едукација, информирање и вработување

МИСИЈА

Приближување на ефективен начин на невработените жени до пазарот на трудот, (без исклучок на високо, средно и ниско образовани жени, жени од урбани и рурални средини, жени од различни етнички позадини).

ГЛАВНА ЦЕЛ

80% економско јакнење на жените кои се невработени и кои ги имаат изгубено своите работни места како последица на транзициониот процес.

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ

•  Стимулирање на самодовербата и реализирање на сопствените способности;
•  Поддршка на невработените жени да ги развијат своите вештини и да го надополнат своето знаење (учење на странски јазици, компјутерски програми, бизнис план итн.) ориентирани кон слободните работни места;
•  Пополнување на слободните работни места според потребите на пазарот на трудот со тренинг на невработените жени на ефективен начин;
•  Приближување на невработените жени да најдат работа со што тие ќе можат да заработуваат за себеси;
•  Медијација при вработувањето на жени, кои ќе го посетуваат Бизнис Тренинг Центарот за Жени;
•  Верифицирање на работните способности на жените ориентирани кон слободните работни места на пазарот на трудот;
•  Вработување на младите жени за намалување на бројот на млад и неквалификуван персонал и превенција од трговија со луѓе;
•  Иницијативна мотивација за самовработување помеѓу жените со создавање на мали и средни претпријатија;
•  Развој на мрежа на успешни бизнис жени и жени менаџерки, како ментор за жените кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

АКТИВНОСТИ

СОЖМ е мрежа од 70 независни женски организации кои имаат оформено 7 регионални центри со континуирано функционирање на 3 регионални канцеларии и 5 тематски комитети. Семинарите имаат едукативен карактер и ги опфаќаат следните теми:

•  Реализирање на сопствените интереси, потреби и можности за вработување;
•  Јакнење на свеста за сопствените способности и на самодовербата за иницијатива за самовработување;
•  Информирање за активностите на Бизнис Тренинг Центарот за Жени.

Во ново отворените регионални канцеларии, ќе бидат отворени шалтери како втора рака на Бизнис Тренинг Центарот за Жени.
Во рамките на СОЖМ, функционира мрежа на успешни жени и жени менаџерки, кои ќе бидат менторки на жените кои сакаат да започнат сопствени бизниси. Целта на мрежата е да се даде поддршка на жените кои сакаат да отворат сопствени бизниси со создавање на доверлива врска помеѓу новите бизнис жени и жените менторки со успешни кариери. Менторките ги поддржуваат кариерите и бизнис развојот на другите жени врз основа на личните советувања низ мрежата. Ова е процес на искуствено учење, советување, помош и поддршка. Овој вид на соработка ја зајакнува самодовербата кај жените. Тие се стекнуваат со знаења и вештини за достигнување на новите бизнис идеи кои ќе бидат развиени и реализирани во пракса.

Целите на бизнис мрежата на жени се:

•  Размена на искуства на бизнис жените на локално, национално и меѓународно ниво;
•  Развој на бизнис соработка помеѓу жените и зголемување на бројот на жените соработнички во бизнисот;
•  Промоција на бизнис активностите преземени од страна на бизнис жените.

Предностите на бизнис мрежата на жени се:

•  Бизнисите на жените, кои се вклучени во мрежата, стануваат добро познати и оттаму немаат потреба да се ракламираат;
•  Потрага по клиенти низ мрежата;
•  Повеќе можности за развој на бизнис со заедничка соработка и подобар пристап до бизнис информациите;

•  Подобро следење на економските трендови за создавање на нови прeтприемнички можности.

Функционирањето на Бизнис Тренинг Центарот за Жени се остварува преку:

•  Реализација на тренинг курсеви за образовно обликување на жените за новите вештини и технологии (јазици, компјутерски програми, бизнис, економија);
•  Советување и поддршка на жените кои сакаат да започнат со сопствени бизниси;
•  Медијација при вработување на едуцираните жени и гарантирање за нивниот работен квалитет, бизнис насочени и заштита на жените на нивните работни места;
•  Подготовка за основање и функционирање на РАБОТНИОТ ЦЕНТАР, како дел од одржливиот развој на Бизнис Тренинг Центарот за Жени, чии активности ќе бидат наоѓање и понуда на работа;
•  Детска градинка;
•  Информирање и промоција за Бизнис Трениг Центарот за Жени преку медиумите.

Жените, кои го посетуваат Бизнис Тренинг Центарот за Жени, имаат определено образование и знаење, но на нив им се потребни повеќе тренинзи и вештини со цел да бидат вклучени во движењата на пазарот на трудот и деловниот живот.

Едукаторките водат курсеви за:

•  Основно и напредно знаење за компјутерски вештини;
•  Основно и напредно знаење за деловен Англиски јазик;
•  Бизнис план;
•  Маркетинг и менаџмент;
•  Финансии.

Бизнис Тренинг Центарот за Жени нуди советување и поддршка за жените, кои имаат бизнис идеја и сакаат да започнат и реализираат сопствен бизнис. Заинтересираните кандидатки ги добиваат следните бизнис информации:

а) Бизнис информации:

•  Изнаоѓање на можности за започнување на сопствен бизнис;
•  Дефинирање на концептот за отпочнување и реализација на бизнис план;
•  Советување во периодот на планирање и реализација на бизнис идејата;

б)  Пазарни совети:

•  Анализа на пазарот;
•  Промоција на бизнис активностите;
•  Процеси на комерцијализација и маркетинг;

в)  Финансиско советување:

•  Започнување на бизнис активностите-можности за финансирање;
•  Сметководство и книговодство;
•  Политика на цени;

г)  Правни совети

•  Легални форми на бизнис активностите;
•  Фискални обврски;
•  Трудови закони;
•  Поддршка на бизнис активностите;

д)  Психолошка поддршка и советување:

Многу жени, кои се на почетокот на создавање на нови бизнис активности, не се доволно самоуверени за нивните способности и се плашат од последиците на можниот пазарен неуспех на нивните бизнис идеи.

•  Индивидуално советување на пазарните проблеми и нивно решавање;
•  Групно советување-мотивација и јакнење на самодовербата преку интеракција и комуникациони вежби;
•  Техники за ослободување од стрес и фокусирање на позитивната енергија кон бизнис реализација.

Ќе биде оформена трудова берза за размена на жени преку барање и понудување на слободни работни места. Жените ќе соработуваат со Бизнис Трениг Центарот за Жени. Центарот ќе организира медијација за барањето на слободни работни места понудени во него. Центарот исто така ќе организира состаноци со менаџерите на работните организации и сопствениците на малите и средните претпријатија за понудување на слободни работни места и информации за центарот.

Воспоставување на медијативни услуги при вработување:

•  Анализа на личните и професионалните профили;
•  Образување на вештините за успешно вработување (подготовка на куса биографија и интервју);
•  Подобрување, охрабрување и развој на комуникациските и работните способности на жените;
•  Информации за можностите за вработување;
•  Обезбедување на контакт со заинтересираните претпријатија;
•  Заштита на работничките права на жените, кои се вработени преку медијација на Бизнис Тренинг Центарот за Жени (гарантирање на личниот доход, здравствено и пензиско осигурување, заштита од злоупотреби и губење на работата без било која причина);
•  Создавање на трудова размена на пазарот на трудот.

Интенцијата на Бизнис Трениг Центарот за Жени е употреба на новите технологии за воспоставување на електронска дата база за трудова размена на пазарот на трудот на Интернет. Дата базата ќе содржи релевантни податоци за активностите на Бизнис Тренинг Центарот за Жени.

Веб страницата ќе содржи информации за:

•  Сервис за медијација при вработување;
•  Кратки биографии за жените кои ќе работат;
•  Делови од тренинг материјалите;
•  Женски претпријатија кои соработуваат со Бизнис Тренинг Центарот за Жени;
•  Успешни адреси и контакт телефони.

ЦЕЛНА ГРУПА

Невработени жени и девојки, кои го завршиле своето образование и не можат да најдат работа како последица на транзициониот период и новите економски и социјални промени.

.....................................................................................................
ЗА НАС | ПРОГРАМИ | АКТИВНОСТИ | ПРОЕКТИ | МРЕЖА | ПУБЛИКАЦИИ
Designed & Developed by ZONA
 
Вести:

Датум: 2008-11-10
СОЖМ ќе учествува на Фреја форумот во Загреб
Фреја форумот ќе се одржи во Загреб, во хотел Панорама, од 14 - 16 ноември 2008 година....
Повеќе...

Датум: 2008-11-07
СОЖМ ќе ја посети Кина
Делегација на Националниот совет на жените на Република Македонија-СОЖМ, од 25.11.2008 до...
Повеќе...

Датум: 2007-10-16
Годишно собрание на НСЖМ-СОЖМ
Националниот совет на жените на Р. Македонија го оддржа своето редовно годишно собрание, коешто...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
13 години СОЖМ
Пред 13 години, на 1 октомври 1994, на Основачко собрание одржано во Пробиштип, беше основан...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
СОЖМ официјално се преименува во НСЖМ- СОЖМ
Сојузот на организации на жените на Република Македонија од денес официјално се нарекува Национален...
Повеќе...

Датум: 2007-09-25
Реакција на новиот изборен законик
Националниот совет на жените на Македонија – СОЖМ бара Членот 32 од Предлогот за донесување на...
Повеќе...

Датум: 2007-09-23
Nови курсеви во организација на СОЖМ
Бизнис тренинг центарот за жени и Мултиетничкото училиште при НСЖМ-СОЖМ по летната пауза...
Повеќе...

Датум: 2007-09-16
Одбележан светскот ден на таткото
По повод Денот на таткото што традиционално се одбележува во Европа и светот, Националниот совет на...
Повеќе...

Датум: 2007-09-13
Формиран национален интервентен центар против насилство врз жени и девојки (СОС - НИЦ)
СОС линијата за млади (3 110 162) при СОЖМ, прераснува во СОС Национален Интервентен Центар за...
Повеќе...