Центар за политичка едукација на жените
Потребата за отворање на ваков центар ја согледуваме пред се во:
-Низок степен на учество на жените во власта;
-Елиминирање на политичка дискриминација врз жените.
Целни групи :
Целни групи се: жени и млади девојки од НВО, членови на Политички партии, медиуми и индивидуалци кои имаат афинитети да станат активни политички субјекти без оглед на нивниот етнички, национален и културен предзнак.
Центарот за политичко образование нуди:
- Нови основни знаења за политичка филозофија, историја, право, едукација да ги познаваат општествените принципи кои ја детерминираат нивната иднина, да се оспособат да влијаат во општествените процеси да одлучуваат за својот живот во општеството кое нуди еднакви шанси за сите;
- Елементарно политичко образование на млади луѓе и на сите заинтересирани за оваа сфера на општественото живеење и нивно оспособување во политичките процеси и управување;
- Информирање на млади луѓе за сите видови на политичко делување и политичка борба, градење на капацитети и кадри со различни вештини, умешност на добро говорење, изразување на свои ставови, идеи, контакти со медиумите, лидерски вештини, јавно застапување, коалицирање и др.
Активности и програми :
За остварување на своите цели Центарот за политичко образование организира:
семинари, тренинг работилници и дебати на одредени теми;
истражувања, сопствено издаваштво на прирачници и книги;
формирање на посебна библиотека за политичко образование;
соработка со многу институции кои го третираат проблемот на политичка едукација меѓу кои и Клубот на жени парламентарки во Собранието на Република Македонија, Одделението за еднаквост помеѓу половите, при Министерството за труд и социјална политика, Институт за социолошко политичко- правни истражувања и независни научници и истражувачи;
јавни расправи и дискусии по одредени политички прашања поврзани со жените;
советодавна и консултативна улога;
меѓународна соработка и информација;
мултимедијални едукативни програми.
Стручен тим
- 10 едукатори на терен низ 10 градови во Македонија;
- Експертски тим од 5 Универзитетски професори кои даваат стручни совети во Клубот на жени Парламентарки;
- Независни аналитичари и научници. |