НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА ЖЕНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СОЖМ
Родови студии БТЦЖ МЦОП Мултиетничко училиште ЦПЕЖ
         
ЗА НАС
ПРОГРАМИ
АКТИВНОСТИ
ПРОЕКТИ
МРЕЖА
ПУБЛИКАЦИИ
ENGLISH
  
КОНТАКТ


  Developed by:

 
МЦОП
 

Младински центар "Отворен Простор"

Во рамките на Сојузот на Организациите на Жените на Република Македонија функционира: Младински центар ”Отворен простор”.
Целта на овој центар е придонес кон јакнење на свеста на младата популација и нивно интегрирање во заедницата врз основа на градење на позитивни ставови и релации за себе и другите. Центарот за млади е збогатен со различни активности кој им овозможува на младите дел од своето слободно време да го поминат корисно, да се информираат, да ја развијат својата креативност и инвентивност, својата способност за критичко размислување и јакнење на самодовербата, како и можност да ја осознаат својата позиција и улога во општеството.

Специфични цели:

•  Помош и поддршка на младите во препознавањето и надминувањето на потешкотиите кои се најактуелни за време на адолесценција;
•  Стимулирање и развивање на когнитивни вештини, креативност и инвентивност;
•  Зајакнување на самодовербата на младите;
•  Воспоставување на контакти, размена на искуства и нови иницијативи за соработка кај младите во регионот.

Целна група:

Млади лица на возраст од 14 - 27год. со различна етничка, верска и социо-економска припадност.

Активности:

•  СОС линија и советувалиште за млади
•  Организирање на обуки и искуствени работилници
•  Летна школа

Обуки и искуствени работилници

Во рамките на обуките и искуствените работилници младите ќе можат меѓусебно да се едуцираат, дружат, слободно да го диктираат темпото на работа со наметнување на интересни теми за разгледување и дискусија.

Видови на обуки :

•  Демократија и човекови права;
•  Родови односи и развој;
•  НВО, волонтеризам и односи со јавноста;
•  Комуникациски вештини;
•  Насилство;
•  Економија и вработување;
•  Нелегална трговија со луѓе;
•  Адолесцентна бременост и превенција од сексуално преносливи болести

Искуствени работилници -за психо-социјална поддршка на младите и учење на различни вештини:

- социјални,
- когнитивни;
- вештини за справување со емоции.

Летна школа

Во план е да се организира десет дневен престој на млади од внатрешноста на Р.Македонија и од соседните држави, со цел младите да се дружат, да разменат искуства, активно и креативно да го искористат слободното време. Содржината на летната школа ќе биде од едукативен, неформален и од забавен карактер.

СОС

Сите млади кои имаат потреба низ разговор да ги споделат своите проблеми од секојдневниот живот, да бидат сослушани и разбрани може да се јават
секој работен ден од 09.00ч до 17.00ч

тел. 3110 - 162

Основни принципи на СОС линијата:

•  Анонимност;
•  Дискреција;
•  Доверба;
•  Почитување;
•  Недискриминирање по ниедна основа

.....................................................................................................
ЗА НАС | ПРОГРАМИ | АКТИВНОСТИ | ПРОЕКТИ | МРЕЖА | ПУБЛИКАЦИИ
Designed & Developed by ZONA
 
Вести:

Датум: 2009-05-21
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ доби награда за Филантропија за 2008 година
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ доби награда за Филантропија за 2008...
Повеќе...

Датум: 2009-05-04
Хуманитарен концерт по повод Денот на мајката
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ организира хуманитарен концерт кој ќе се...
Повеќе...

Датум: 2009-04-04
НСЖМ - СОЖМ организира тркалезни маси за Резолуцијата 1325
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ во наредниот период ќе спроведува...
Повеќе...

Датум: 2009-03-04
Конференција „Жените во бизнисот“
По повод меѓународниот ден на жената 8 Март, Националниот совет на жени на Република Македонија –...
Повеќе...

Датум: 2009-03-04
Промоција на книгата „Жените - творци во лингвистиката“
По повод меѓународниот ден на жената 8 Март, Националниот совет на жени на Република Македонија –...
Повеќе...

Датум: 2009-01-09
ТРАДИЦИОНАЛЕН ХУМАНИТАРЕН ВАСИЛИЧЕН КОКТЕЛ
Националниот совет на жени на Република Македонија - СОЖМ, под покровителство на г - дин Коце...
Повеќе...

Датум: 2008-12-10
На 13 декември се одржува Годишното собрание на НСЖМ - СОЖМ
На 13 декември (сабота)во 10 часот во просториите на НСЖМ - СОЖМ(ул.11 Октомври бр.17)мала сала, ќе...
Повеќе...

Датум: 2008-12-03
Реакција на НСЖМ - СОЖМ поради непочитувањето на законите при изборот на членови на ДИК
Националниот совет на жени на Република Македонија - СОЖМ го изразува своето незадоволство поради...
Повеќе...

Датум: 2008-12-01
Реакција на НСЖМ – СОЖМ поради состојбата на жените во РМ
Во извештајот на Светскиот Економски Форум за 2008 година, според Global Gender Gap Index...
Повеќе...

Датум: 2008-11-10
СОЖМ ќе учествува на Фреја форумот во Загреб
Фреја форумот ќе се одржи во Загреб, во хотел Панорама, од 14 - 16 ноември 2008 година....
Повеќе...