СОЈУЗ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Родови студии БТЦЖ МЦОП Мултиетничко училиште ЦПЕЖ
         
ЗА НАС
ПРОГРАМИ
АКТИВНОСТИ
ПРОЕКТИ
МРЕЖА
ПУБЛИКАЦИИ
ENGLISH
  
КОНТАКТ


  Developed by:

 
Положбата и правата на вработената жена
 

Трудот ' Положбата и правата на вработената жена', претставува плод на повеќегодишна работа и истражување на оваа проблематика, конкретно на правата на жената во контекст на правата на човекот воопшто, кои беа поттикнати првенствено од потребите да се претстави материјата не само од аспект на утврдувањето на положбата и правата, туку да се разгледа и процесот на нивното стекнување и остварување. Мотивите за работа врз еден ваков труд, потекнуваат и од потребата за едно подлабоко осознавање на проблематиката за положбата и правата на вработената жена, и тоа како на национален, така и на меѓународен план, преку презентирање на соодветната правна регулатива со која се уредува оваа материја. Положбата и правата на вработената жена спаѓа во редот на оние прашања, кои го надминуваат интересот на поединци- експерти, стручњаци, научници од одделни области, и на одделни држави кои во својата правна регулатива посветуваат посебно внимание на уредувањето на таа положба и тие права. Тоа е прашање кое претставува своевиден предизвик и за севкупната меѓународна заедница и особено за оние меѓународни организации кои уредувањето на положбата и правата на вработената жена ги имаат како императив на севкупната своја активност. Тука најнапред би ги споменале Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Организацијата на Обединетите нации (ООН). Потребата од согледување на положбата и правата на вработената жена утврдена со домашното законодавство, а тука во прв ред во фокусот на нашиот интерес, ја имаме Република Македонија, како и на меѓународен план, се наметна како неопходност и од фактот што Република Македонија, со нејзиното осамостојување во деведесетите години, стана рамноправна членка на организациите кои оваа положба и права ги уредуваат на меѓународен план, како и на Советот на Европа, чии активности во оваа област претставуваат едни од нејзините значајни перманентни дејности.
Од друга страна, активното вклучување на Република Македонија во светските и европските организации и во интеграциските процеси, за нас кои со положбата и правата на вработената жена се занимаваме како со проблематика која го надминува не само интересот на запознавање со одредени нејзини аспекти, туку претставува и посебен професионален ангажман, се разбира во контекст на останатите проучувања и ангажмани како универзитетски професор, изработката на овој труд претставуваше и своевиден предизвик, зошто се надеваме дека тој ќе овозможи продлабочено претставување на проблематиката за положбата и правата на вработената жена, како на домашен, така и на меѓународен план. Од друга страна, објавувањето на овој труд го почувствувавме и како еден вид обврска кон пошироката јавност на Република Македонија, која одблиску ги следи светските и европските трендови во областа на правата на човекот воопшто, а во тој контекст и на положбата и правата на жената. Посебна обврска за објавување на овој труд, чувствувавме и кон слушателите на женските студии, кои еве веќе неколку години по ред успешно се организираат и изведуваат во рамките на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија, при што, се надеваме и авторот на овој труд како предавач на тие студии токму на проблематиката за положбата и правата на вработената жена, го даде својот скромен придонес.


Авторката
ГЗИМЕ СТАРОВА

.....................................................................................................
ЗА НАС | ПРОГРАМИ | АКТИВНОСТИ | ПРОЕКТИ | МРЕЖА | ПУБЛИКАЦИИ
Designed & Developed by ZONA
 
Вести:

Датум: 2008-12-10
На 13 декември се одржува Годишното собрание на НСЖМ - СОЖМ
На 13 декември (сабота)во 10 часот во просториите на НСЖМ - СОЖМ(ул.11 Октомври бр.17)мала сала, ќе...
Повеќе...

Датум: 2008-12-03
Реакција на НСЖМ - СОЖМ поради непочитувањето на законите при изборот на членови на ДИК
Националниот совет на жени на Република Македонија - СОЖМ го изразува своето незадоволство поради...
Повеќе...

Датум: 2008-12-01
Реакција на НСЖМ – СОЖМ поради состојбата на жените во РМ
Во извештајот на Светскиот Економски Форум за 2008 година, според Global Gender Gap Index...
Повеќе...

Датум: 2008-11-10
СОЖМ ќе учествува на Фреја форумот во Загреб
Фреја форумот ќе се одржи во Загреб, во хотел Панорама, од 14 - 16 ноември 2008 година....
Повеќе...

Датум: 2008-11-07
СОЖМ ќе ја посети Кина
Делегација на Националниот совет на жените на Република Македонија-СОЖМ, од 25.11.2008 до...
Повеќе...

Датум: 2007-10-16
Годишно собрание на НСЖМ-СОЖМ
Националниот совет на жените на Р. Македонија го оддржа своето редовно годишно собрание, коешто...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
13 години СОЖМ
Пред 13 години, на 1 октомври 1994, на Основачко собрание одржано во Пробиштип, беше основан...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
СОЖМ официјално се преименува во НСЖМ- СОЖМ
Сојузот на организации на жените на Република Македонија од денес официјално се нарекува Национален...
Повеќе...

Датум: 2007-09-25
Реакција на новиот изборен законик
Националниот совет на жените на Македонија – СОЖМ бара Членот 32 од Предлогот за донесување на...
Повеќе...

Датум: 2007-09-23
Nови курсеви во организација на СОЖМ
Бизнис тренинг центарот за жени и Мултиетничкото училиште при НСЖМ-СОЖМ по летната пауза...
Повеќе...