ПРОГРАМСКА ШЕМА НА СОЖM
СОЖМ своите активности ги спроведува преку следните програми:
1. ПРОГРАМА ЗА ПОЛИТИЧКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ
Цели: да поттикне и да оствари еднакви можности за вклучување на жените во политиката и во одлучувачките структури; заземање активна позиција на жените во процесот на одлучување, креирање слика на родовите во општеството, а особено во политичките партии и во власта; подигнувањето на нивото на демократијата во Македонија. Програмата се спроведува преку едукација(обуки), кампањи и истражувања.
ПОВЕЌЕ
2. ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА И ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ
Цели: помош, поддршка и развој на локалните женски организации, на женски групи и на жените индивидуално, едукација за нивното здравје, јакнење на нивната самодоверба и моќ, заштита на жените жртви на насилство, поддршка преку хуманитарни активности, развивање на капацитетите на жените-претприемачки, социо-економско јакнење и вработување.
ПОВЕЌЕ
3. ПРОГРАМА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИТЕ ВИДОВИ НА НАСИЛСТВО
Цел:заштита на жените жртви на домашно насилство, превенција против трговија со луѓе, поддршка женсите човекови права
ПОВЕЌЕ
4. ПРОГРАМА ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ
Цели: програма за можности за вработување на жените, програма за намалување на сиромаштијата помеѓу жените, женски пазар на трудот и клубови, семинари, Т4Т, предавања.
ПОВЕЌЕ
5. ПРОГРАМА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР
Цели: Јакнење на свеста на младата популација и нивна инкорпорација во општеството базирана на градење на позитивен пристап и врски за нив и за другите: мотивирање на младите да земат активно учество во социјалните и секојдневите настани; SOS телефонска линија и советувалиште за млади.
ПОВЕЌЕ
6. ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА МИРОТ И РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ
Националниот совет на жените на Република Македонија - СОЖМ активно работи на чување на мирот во Република Македонија и во регионот, на промоција на толеранцијата, дијалогот и решавање на конфликтите на мирен начин преку поврзување на луѓето од различно етничко и религиско потекло. НСЖМ - СОЖМ го слави меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември и учествува на конференции посветени на мирот.
ПОВЕЌЕ
|