СОЈУЗ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ЖЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Родови студии БТЦЖ МЦОП Мултиетничко училиште ЦПЕЖ
         
ЗА НАС
ПРОГРАМИ
АКТИВНОСТИ
ПРОЕКТИ
МРЕЖА
ПУБЛИКАЦИИ
ENGLISH
  
КОНТАКТ


  Developed by:

 
Родов концепт во руралните средини во Република Македонија
 

Сојузот на организациите на жените на Република Македонија во рамките на своите стратешки определби континуирано работи врз проблематиката на родовата еднаквост и родовата сензибилизација, како основа за креирање на нови и похумани односи во општеството.
Од долгогодишното искуство на СОЖМ, добиено преку работата и комуникацијата со жените од урбаните и од руралните средини, може споредбено да се каже дека во руралните средини е поприсутен традиционалниот, односно патријархалниот модел во организирањето на семејните обврски. Според традиционалните норми и вредности, жените се оние кои најчесто апстинираат од продолжувањето на своето образование во високошколските институции за сметка на домашните обврски, грижата околу децата и слично. Од друга страна, жената вложува труд кој не се вреднува и кој не и обезбедува средства за егзистенција и економска независност. Во овие услови жената ја прифаќа подредената улога која и се наметнува, без можност да учествува во процесот на одлучувањето не само во семејството, туку и пошироко во општеството.
Комлексноста во решавањето на родовите прашања врз основа на горенаведеното бара сеопфатна анализа и иницирање на активности кои ќе доведат до унапредување на родовите односи и истовремено ќе ги надминат постојните предрасуди и стереотипи кои го забавуваат вклучувањето на жените во современите општествени текови.
Целта на проектот "Родов концепт во руралните средини во РМ” е утврдувањето на фактичката состојба на родовиот развој и препознавањето на родовиот идентитет во руралните подрачја во РМ. Иако, овој проект претставува само прва фаза од циклусот предвидени истражувања за родовите односи и родовите улоги во РМ, ќе придонесе да се обликува еден родов извештај кој ќе има поголеми претензии од едноставното презентирање на сознанијата од анкетата во определен миг. Со други зборови, статистичкиот преглед на податоците ќе ги посочи идните насоки на дејствување и последователните активности во прилог на родовата сензибилизација и засилувањето на јавната свест за овие прашања.

.....................................................................................................
ЗА НАС | ПРОГРАМИ | АКТИВНОСТИ | ПРОЕКТИ | МРЕЖА | ПУБЛИКАЦИИ
Designed & Developed by ZONA
 
Вести:

Датум: 2008-12-10
На 13 декември се одржува Годишното собрание на НСЖМ - СОЖМ
На 13 декември (сабота)во 10 часот во просториите на НСЖМ - СОЖМ(ул.11 Октомври бр.17)мала сала, ќе...
Повеќе...

Датум: 2008-12-03
Реакција на НСЖМ - СОЖМ поради непочитувањето на законите при изборот на членови на ДИК
Националниот совет на жени на Република Македонија - СОЖМ го изразува своето незадоволство поради...
Повеќе...

Датум: 2008-12-01
Реакција на НСЖМ – СОЖМ поради состојбата на жените во РМ
Во извештајот на Светскиот Економски Форум за 2008 година, според Global Gender Gap Index...
Повеќе...

Датум: 2008-11-10
СОЖМ ќе учествува на Фреја форумот во Загреб
Фреја форумот ќе се одржи во Загреб, во хотел Панорама, од 14 - 16 ноември 2008 година....
Повеќе...

Датум: 2008-11-07
СОЖМ ќе ја посети Кина
Делегација на Националниот совет на жените на Република Македонија-СОЖМ, од 25.11.2008 до...
Повеќе...

Датум: 2007-10-16
Годишно собрание на НСЖМ-СОЖМ
Националниот совет на жените на Р. Македонија го оддржа своето редовно годишно собрание, коешто...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
13 години СОЖМ
Пред 13 години, на 1 октомври 1994, на Основачко собрание одржано во Пробиштип, беше основан...
Повеќе...

Датум: 2007-10-01
СОЖМ официјално се преименува во НСЖМ- СОЖМ
Сојузот на организации на жените на Република Македонија од денес официјално се нарекува Национален...
Повеќе...

Датум: 2007-09-25
Реакција на новиот изборен законик
Националниот совет на жените на Македонија – СОЖМ бара Членот 32 од Предлогот за донесување на...
Повеќе...

Датум: 2007-09-23
Nови курсеви во организација на СОЖМ
Бизнис тренинг центарот за жени и Мултиетничкото училиште при НСЖМ-СОЖМ по летната пауза...
Повеќе...