НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА ЖЕНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СОЖМ
Родови студии БТЦЖ МЦОП Мултиетничко училиште ЦПЕЖ
         
ЗА НАС
ПРОГРАМИ
АКТИВНОСТИ
ПРОЕКТИ
МРЕЖА
ПУБЛИКАЦИИ
ENGLISH
  
КОНТАКТ


  Developed by:

 
Родови студии
 

Женски - родови студии

Позадина

Женските- родови студии се започнати како експериментална програма уште во 1998 година. Во тој контекст се одржуваа повеќе отворени јавни дебати за сензибилизирање на јавноста за женските и родовите прашања во Македонија, на кои дебати беа одржани со визитинг професори од Загреб и Белград. Се одржувааа повеке предавања од следниве области:

  1. Што е феминизам? од проф. др. Билјана Кашиќ- Загреб;
  2. Жената во разрешувањето на конфликтите од проф др. Олга Мурџева Шкариќ;
  3. Жената и политиката од проф. др. Мирјана Малеска;
  4. Жената и економијата од проф. др. Наталија Николовска;
  5. Историските исходишта од борбата на жената за еманципација проф.др. Вера Весковиќ Вангели.

Овие предавања претставуваа вистински индикатор за зголемувањето на интересот за посетување на едукации кои ја содржат женската тематика. Во 2000 год. ова резултираше со отпочнување на поинтензивна засилена содржина која претставуваше база за изградба на структуралниот и организацискиот капацитет на женските- родови студии.
Овие студии функционираат како алтернативни студии и претставуваат надополнување на научните празнини кои постојат во постоечкиот образовен систем. Овие студии имаат за цел да ја подигнат родовата свест во јавноста овозможувајќи еден поинаков пристап во изучувањето и анализата на женските и родовите прашања, со што воедно на јавноста да и откријат нови женски сознанија и искуства, да иницираат самодоверба и самопромена кај студентите и да влијаат врз социјалната стварност.

Целна група : Жени и мажи кои се заинтересирани за женските- родови прашања без оглед на нивната социјална, национална културна, религиозна, етничка и родова определба.

Временскиот период 1999/ 2004

•  Број на лица кои беа опфатени со едукација во подготвителната фаза на Женските- родови студии изнесува 200 студенти;
•  Вкупен број на студенти кои се здобиле со сертификати на женските родови студии изнесува 250 студенти;
•  694 одржани предавања;
•  160 семинарски трудови;
•  154 практични вежби во ораторските работилници;
•  50 дебатни клубови;
•  18 трибини.

Активности:

•  Редовни предавања;
•  мобилна едукација;
•  Работилници;
•  Дебати и трибини;
•  Анализа и истражувачки активности;
•  Издаваштво;
•  Библиотека “Рамноправност меѓу половите”.

Програма на Женските студии

Двосеместрална програма која се остварува во есенски и пролетен семестар со 10 научни области и пет универзитетски професорки од Државниот универзитет Св. “Кирил и Методиј”.

Есенски семестар:

Ред бр.

Професорка

Научна област

1.

Проф. др. Гордана Силјановска Давкова

Вовед во женските студии и женското движење

2.

Проф. др. Слободанка Марковска

Род и религија
Еврејство, христијанство и ислам

3.

Проф. др. Олга Мурџева Шкариќ

Психологија на родот

4.

Проф. др. Гзиме Старова

Женските права како човекови права

5.

Проф. др. Јадранка Владова

Ораторски работилници

Пролетен семетар:

Ред бр.

Професорка

Научна област

1.

Проф. др. Гордана Силјановска

Жената и политиката

2.

Проф. др. Слободанка Марковска

Род и религија
Хиндуизам, Будизам Таоизам

3.

Проф. др. Олга Мурџева Шкариќ

Психологија на трансформирање на конфликтите

4.

Проф. др. Гзиме Старова

Родова анализа на Законот за работни односи

5.

Проф. др. Јадранка Владова

Женско писмо и родово читање на текстот


Мобилна едукација

Мобилната едукација вклучува предавања во 10 градови низ Македонија и тренинг работилници на различни теми, чии содржини ќе произлезат од потребите на целните групи. Во рамките на предавањата на Мобилната едукација опфатени се 300 жени.
Програмата на Мобилната едукација се спроведува во следниве градови: Штип, Куманово, Битола, Радовиш, Струга, Охрид, Велес, Гостивар, Прилеп, Тетово.

Библиотека “Рамноправност меѓу половите”:

Библиотеката “Рамноправност меѓу половите” располага со библиотечен фонд од 1350 книги од следните научни области:

•  право;
•  литература;
• 

Придобивки од Програмата :

•  Создавање на имиџ за алтернативен пристап во изучувањето и истражувањето на женските- родови студии во Македонија;
•  Откривање на нови женски сознанија и искуства/ отворени се нови можности за истражување;
•  Иницирање на самодоверба и самопромена кај жените и влијание врз социјалната стварност;
•  Воспоставени се перманентни женски- родови студии и развиено е издаваштво од областа на женското работење во Македонија;

Делумно задоволена е потребата на жените за едукација од овој вид.
.....................................................................................................
ЗА НАС | ПРОГРАМИ | АКТИВНОСТИ | ПРОЕКТИ | МРЕЖА | ПУБЛИКАЦИИ
Designed & Developed by ZONA
 
Вести:

Датум: 2010-03-04
НСЖМ – СОЖМ го прославува 8 Март
НСЖМ – СОЖМ организира неколку активности со цел одбележување на меѓународниот ден на жената 8...
Повеќе...

Датум: 2010-01-11
НСЖМ – СОЖМ организира Традиционален хуманитарен василичен коктел
НСЖМ – СОЖМ, под покровителство на г – дин Владимир Тодоровиќ, Градоначалник на Општина Центар,...
Повеќе...

Датум: 2009-11-11
Фреја Форум 2009, Белград
Националниот совет на жените на Република Македонија – СОЖМ и оваа година е една од партнер...
Повеќе...

Датум: 2009-10-09
НСЖМ – СОЖМ организира меѓународен семинар на тема „Родовите аспекти на глобалната економска криза и нејзиното влијание врз вработувањето на жените и можностите за доживотно учење“.
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ организира меѓународен семинар со наслов...
Повеќе...

Датум: 2009-09-30
НСЖМ – СОЖМ го одбележа Денот на таткото
На 27 септември 2009 Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, во соработка со...
Повеќе...

Датум: 2009-09-30
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ го одбележа Денот на таткото
На 27 септември 2009 Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ, во соработка со...
Повеќе...

Датум: 2009-09-03
НСЖМ - СОЖМ организира семинар „Македонија без семејно гласање“
Националниот Совет на жените на Република Македонија – СОЖМ, во делот на програмата за политичко...
Повеќе...

Датум: 2009-07-16
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ беше во работна посета на Босна и Херцеговина и на поклонение во Сребреница
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ на покана на организацијата „Жените за...
Повеќе...

Датум: 2009-05-21
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ доби награда за Филантропија за 2008 година
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ доби награда за Филантропија за 2008...
Повеќе...

Датум: 2009-05-04
Хуманитарен концерт по повод Денот на мајката
Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ организира хуманитарен концерт кој ќе се...
Повеќе...