Активности
Во просториите на Општина Шуто Оризари заедно со се одржа јавна дебата на тема „Родово одговорното буџетрање во образовната програма на општина Шуто Оризари.
Јавните дебати се организираат во рамки на проектот “Низ Женски Леќи” кој е финансиски поддржан од Европската Унија.
Средба на тимот на НСРР со претседателот Стево Пендаровски на која се разговараше за активностите кои ги спроведува нашиот тим за постигнување на родова рамноправност, унапредување и заштита на женските права.
Во текот на месец февруари, на 16.02.2023, 17.02.2023, 18.02.2023 Националниот совет за родова рамноправност спроведе бесплатна обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
Погледнете дел од атмосферата за време на одржувањето на обуката.
Националниот совет за родова рамноправност на 09.02 и 10.02 одржа тренинг за развивање и пишување на проектни апликации.
Беа дефинирани термини кои се среќаваат во проекти и проектен менаџмент, беа определени потребите и проблемите на организациите, методологијата и партнерствата, како и мониторинг, евалуација и одржливоста на проектите.
На тренингот учествуваа претставнички од регионалните канцеларии: ОЖП Пехчево, Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, ЗЕМ Езерка – Струга и НЧП – Ресен.
Во текот на месец февруари, Националниот совет за родова рамноправност ќе спроведе обука за операторки на СОС линија за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.
Датумите за обуката се:
• 16.02.2023
• 17.02.2023
• 18.02.2023
Локација: Граѓански Ресурсен Центар – МЦМС ( адреса: ул. Никола Парапунов 41а).
Доколку сте заинтересирани да учествувате, кликнете на следниов линк за повеќе информации: Повик: Обука за операторки.
Дел од тимот на НСРР беше присутен на тренингот за финансиска писменост во Кипар, на истиот учествуваа и партнерските институции од земјите партнери. Тие имаа можност да разговараат и да ги дискутираат SMART финансиските цели за време на обуката.
Платформа за е-учење за финансиска писменост е подготвена. Таму вие, обучувачите и младите, ќе можете да ги практикувате сите овие информации што нашите тренери со сертификати ги добија за време на тренингот.
Благодарност до сите партнери за резултатите и искуствата од проектот, досега.
Запознајте се со проектот Fly – In. Fly-in е Еразмус плус проект кој НСРР го спроведува во соработка со странски партнери, а кој се однесува на потребите за финансиска писменост на младите NEET жени и нивно финансиско вклучување.
Овој проект e обид да се развие образовна програма за обука на млади работници кои доаѓаат од финансиски институции, младински центри и образовни организации вклучени со млади, NEET, мигранти и жени за нивна обука со цел да станат финансиски описменети.
За повеќе информации кликнете на следниов линк: https://fly-in-eu.com/?page_id=1696&lang=mk.
Со цел да се зголеми свеста на јавноста за семејното насилство врз жените, НСРР започна со кампањата „Нема да молчам“ која ќе трае од 25 ноември до 10 декември.
Една од главните цели на оваа кампања е да се поттикнат жртвите и/или сведоците на насилство истото да го пријават на бесплатната мобилна СОС линија 141 700 без
префикс од сите телекомуникациски оператори која е достапна 24/7 и преку која се гарантира дискреција.
Оваа линија ќе биде достапна и по завршувањето на кампањата.
Отворен е повик за Изработка и спроведување на медиумска кампања – „16 дена активизам за борба против насилството врз жената“.
Краен рок за доставување на понудите е 20.10.2022.
Прочитајте повеќе за повикот со кликање на следниов линк.